Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека го очекува незивесен натпревар против Александар Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го совлада Кевин Андерсон, додека 21-годишниот германски тенисер беше подобар од Кајл Едмунд.

- Не сум играл против Зверев повеќе од две години. Во меѓувреме тој стана врвен играч со одличен сервис. Мислам дека ме очекува натпревар како против Андерсон, кој исто има одличен сервис, удира силно од основната линија и многу е агресивен, наведе Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер смета дека клучно за неговиот успех во напреварот против Зверев ќе биде високата концентрација уште од првиот поен.

Ѓоковиќ е трикратен освојувач на Мастерсот во Шангај.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 15:39