Американската скијачка Линдзи Вон соопшти дека по завршувањето на новата сезона (2018/19) ќе стави крај на спортската кариера.

Таа првично планираше да се натпреварува до 2020 година, меѓутоа низата од повредите во последните години ја присилија да ја смени одлуката.

- Физички дојдов до точка во која натпреварувањето нема смисла. Сакам да бидам активна и понатаму, па затоа морам да гледам во иднината, а не само да бидам фокусирана на она што е пред мене, истакна американската скијачка.

Вон во Светскиот куп има остварено 82 победи, но нагласи дека ќе се пензионира дури и да не го собори рекордот на Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк од 86 победи.

- Ако го соборам рекордот тоа ќе биде остварање на соништата. Но и без него мислам дека имав неверојатно успешна кариера, наведе 33-годишната спортистка.

Вон има освоено четири големи Кристални глобуси и 16 мали. Таа на Зимските олимписки игри има еден златен и два бронзени медали, а на Светските првенства освои два златни, три сребрени и две бронзени медали.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 16:47