Швајцарскиот тенисер Роже Федерер обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, откако во два сета го победи Кеи Нишикори од Јапонија.

Федерер полесно од очекуваното во четвртфиналето го совлада јапонскиот тенисер со резултат 6:4 и 7:6.

Во натпревар, кој се играше еден час и 54 минути, Нишикори не најде решение за играта на Федерер и не успеа да го запре швајцарскиот тенисер.

Федерер во полуфиналето ќе се соочи хрватскиот тенисер Борна Чориќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 17:25