Младиот британски возач Џорџ Расел потпиша повеќегодишен договор со Вилијамс и од следната сезона ќе вози за оваа екипа во Формула 1.
- Се чувствувам како да сум на врвот на светот. Ова е остварување на мојот сон, истакна 20-годишниот возач по потпишување на договорот.
Тој во моментов е прв во шампионатот на Формула 2, а претходните две години ги помина во програмата на Мерцедес за млади возачи.
Расел е третиот Британец кој ќе се натпреварува во Формула 1, покрај Луис Хамилтон во Мерцедес и Лендо Норис во Мекларен.