Околу 300 учесници учествуваа на Меѓународниот ателетски митинг што денеска се одржа на ателетскиот полигон во Куманово, во организација на Атлетската федерација на Македонија, Општинскиот сојуз на спортови и Атлетскиот клуб од Куманово. На митингот учествуваа 170 основци од градови од Македонија и од Бугарија, а се натпреваруваа и клубовите од Македонија.

Членовите на клубвите од Македонија и Бугарија се натпреваруваа во шест дисциплини - 60 метри машка и женска конкуренција, скок во далечина женска, скок во височина машка, 300 метри женска, 600 машка конкуренција. Годинава и рекреативците учествуваа во неколку дисциплини на атлетескиот митинг и особено атрактивна беше фамилијарната штафета на три по двеста метри трачање.

- Задоволни сме од нивото на организацијата, бројката на учесници и освоените медали, изјави тренерот на ателетскиот клуб од Куманово, Филип Колевски.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски ги додели наградите и медалите на учесниците. Атлетскиот митинг е традиционална манифестација која се одржува секој октомври, откако беше изграден атлетскиот полигон во Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 16:58