Селекторот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека Јувентус и Манчестер Сити се фаворити за трофејот во Лигата на шампионите.

- Мислам дека шампионатот на Италија ќе го освои Јувентус. Немаат конкуренти. Тие можат да ја освојат и Лигата на шампионит. Заедно со Манчестер Сити се главни фаворити. Сметам дека тимот на Гвардиола е созреан за последниот чекор во елитното натпреварување. Затоа, за мене има два фаворити оваа сезона.

Сари го презеде Челзи на 14 јули 2018 година. По осум круга, „сините од Лондон“ се на делба на првата позиција со Сити и Ливерпул со по 20 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 22:24