Најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди е блиску до продолжување на договорот со клубот од Милано.

Сегашниот договор на 25-годишниот Аргентинец со „Нероазурите“ е со важност до 2021 година.

- Сакаме да му понудиме подобри услови на нашиот капитен и да го продолжиме договорот, изјави Пиеро Аусилио, спортски директор на Интер.

Тој не кажа за рок кога би завршиле преговорите меѓу двете страни.

- Тоа може да се случи за неколку дена или месеци. Не гледам проблем тука.

Икарди е во Интер од 2013 година. Оваа сезона одигра осум натпревари и постигна пет погодоци со две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 23:25