Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз во сезоната 2018/19 од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостувањето во Полска кај Киелце со 31:27.

Вардарци лошо го одиграа првото полувреме, во три наврати губеа со по четири голови разлика, но до паузата успеаја да стигнат до негатива од еден погодок (16:15). Киелце во 40.минута повторно се врати на „плус 4“ (21:17), минута подоцна имаа и највисока разлика од пет голови.

Најефикасни во составот на Вардар беа Дибиров и Скубе со по шест гола, додека кај домаќините се истакна поранешниот вардарец Лука Циндриќ со осум погодоци.

Нашиот првак некаде на половина од првите 30 минути остана без Вуко Борозан кој доби директен црвен картон поради груб старт во главата на противнички играч.

Ова беше дуел од петта рунда во елитното натпреварување. Македонскиот шампион има 8бодови и е во горниот дел на табелата заедно со Киелце и Барселона кои исто така се со осум бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 19:35