Ракометарот на Металург, Стефан Додиќ стана најмлад стрелец во историјата на ракометната Лига на шампиони. Тој со 15 години и седум месеци успеа да се запише во листата на стрелците на вчерашниот натпревар со Чеховски Медведи.

Додиќ доби шанса да изведе седмерец и го реализира пеналот по што доби честитки од своите соиграчи.

Металург го загуби натпреварот со 33:25, што е негов петти пораз на исто толку натпревари во досегашниот дел од сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 19:39