Голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Ноер изрази разочарување од поразот од Холандија (0:3) во натпреварот Лига на нации.

Според него, Германија имаше можност дури и да победи на овој меч.

- Ние не ги искористивме нашите моменти и можности. Имавме многу шанси да постигнеме гол и да го отвориме резултатот. Тогаш можеби ќе беше поинаку. И на крајот од средбата направивме грешки по кои примивме голови, изјави Ноер.

Германија за прв пат во својата историја е во серија од три натпревари без постигнат гол



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 19:55