Репрезентациите на Кина и на Србија извојуваа важни победи на денешните два дуела од Светското првенство за одбојкарки што се игра во Јапонија.

Кина во драматичен меч со многу пресврти на крајот ги совлада САД со 3-2 (25:22, 19:25, 20:25, 25:23 и 15:9).

Србинките беа поуспешни од домаќинот со максимални 3-0 (25:19, 25:18 и 25:23) и на тој начин им се реваншираа на Јапонките за поразот во претходната фаза.

Во Г-групата Србија води со три бода, Италија (нема одиграно натпревар) и Јапонија немаат бодови.

Во Х-групата лидер е Кина со два бода, САД имаат еден, а Холандија (нема одиграно натпревар) е без бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 20:23