Главниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, објавија некои каталонски медиуми. Педесет и четиригодишниот фудбалски стручњак се сомнева дека ќе го продолжи договорот.

Иако Валверде е во добри односи со фудбалерите, тој не ја чувствува довербата на раководството на клубот.

Валверде ја предводи Барселона од 2017 година. Под негово водство Каталонците го освои шампионатот, Купот и Супер Купот на Шпанија.

Барселона во тековната сезона по осум рунди има 15 бода и е на втората позиција веднаш зад лидерот Севилја која има 16 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 21:52