Американскиот амбасадор и координатор за борба против тероризмот, Натан А. Сејлс во текот на идната недела ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, јавува МИА.

Според соопштението на американскиот Стејт Департмент, што попладнево го објавија косовски медиуми, за време на престојот во трите балкански држави, кој започнува денеска и ќе трае до 20. овој месец, Сејлс, со своите домаќини ќе води билатерални разговори во врска со борбата против тероризмот и против учеството на државјани од овие земји во терористички организации во странство, како и за законското гонење на терористите и безбедноста на границите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 22:03