Фудбалската репрезентација на Италија синоќа ја победи Полска со 1:0 и ја прекина низата од пет натпревари без триумф.

Стрелец на победничкиот гол за „азурите“ беше Бираги во втората минута од судиското надополнување.

Ова е прва победа за италијанските фудбалери во третата група од А-сегментот во Лигата на нации.

Португалија е лидер во групата со максимални шест бода, Италија има четири и натпревар повеќе, Полска е трета со само еден бод од три натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 09:06