Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на „Бовин Неготино опен“ што се играше изминативе денови на терените на Тенискиот клуб Неготино.

Тој во финалето вчера попладне, го совлада Стефан Мицов со 2-0, во сетови (6:3 и 7:6(1) во гемови).

- Одиграв добар меч. Го дадов својот максимум денес, за да победам. Честитки до организаторот на турнирот, се надевам ќе се видиме и наредната година, изјави Јотовски веднаш по мечот.

„Бовин Неготино опен” е турнир со долга традиција.

- Првиот турнир го организиравме во далечната 1994 година. Оттогаш наваму, успеавме да изградиме една долга традиција и еве оваа година да ги собереме дел од најдобрите македонски играчи. На турнирот настапија 49 играчи од цела Македонија, изјави Ванчо Лазов, претседател на ТК Неготино.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 09:45