Репрезентацијата на Србија е првата која обезбеди пласман на женскиот одбојкарски Мундијал што се игра во Јапонија.

Србија во Г-групата вчера ја победи Јапонија со максимални 3-0, а по денешниот загубен сет на Јапонките на дуелот со Италија, српските одбојкарки го обезбедија пласманот меѓу четирите најдобри.

Од оваа група во тек е мечот Јапонија – Италија.

Во другата група од третата фаза на шампионатот, денеска Холандија ги победи САД и и се придружи на Кина во полуфиналето.

Во оваа група Холандија и Кина имаат по една победа и ќе решаваат во меѓусебниот меч за првото место. САД со два пораза се без шанса да се борат за медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 15:39