Вардар на гостувањето кај Кјелце го претпе првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите (ЛШ), но и покрај тоа македонскиот ракометен првак се претстави во добро издание.

Тимур Дибиров го има вториот најдобар гол во петтото коло во ЛШ, откако постигна фантастичен погодок од мртов агол помеѓу нозете на противничкиот голман.

Додека голманот на Вардар, Дејан Милосављев, на овој натпревар забележа девет одбрани, а една од нив се најде на петтото место меѓу петте најдобри на колото.

Сега следува пауза поради ЕХФ репрезентативната недела, а потоа Вардар има два домашни натпревари во почетокот на ноември против Мешков Брест и Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 16:08