Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.
Во составот за овие два натпревари го нема Филип Миркуловски, капитенот на германски Велцар. Искусниот бек ќе добие одмор за време на овој квалификациски циклус со цел подобро да се подготви за настапот на Светското првенство во јануари.
Македонските ракометари првиот квалификациски натпревар против Турција ќе го играат на домашен терен во Битола на 25 октомври, а три дена подоцна ќе се соочат со Грција на гостински терен во Кожани.
Селекторот Гоназалес се очекува во наредните денови да го објави и скратениот список од ракометари, на чии услуги ќе смета од првиот ден на подготовките.