Владите на Албанија и на Косово на 26 октомври, во косовскиот град Пеќ ќе ја одржат петтата заедничка седница.
Првата заедничка средба на владите на двете земји беше одржана во 2014 годна во косовскиот град Призрен, кога премиер на косовската влада беше Иса Мустафа, втората во Тирана, третата во Приштина и четврата во Корча, на крајот на ноември минатата година.
Во кусата вест што ја објавија албанските медиуми не се наведува за кои прашања ќе расправаат владите на Еди Рама и на Рамуш Харадинај, но се препоставува дека ќе разговараат за идејата од први јануари 2019 година да нема граница помеѓу двете земји.
Косовскиот премиер, Харадинај, на 20 минатиот месец објави дека од Нова година нема да има физички пречки на границата на Косово и Албанија.
Според медиумите надежта на Харадинај се базира на разговори и планови со албанскиот премиер, Еди Рама.
Прв оваа идеја ја пласираше во јавноста на почетокот на август годинава, албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, за време на неговата посета на косовскот град Скендерај (Србица).
- Од први јануари 2019 година помеѓу Косово и Албанија нема да има граница бидејќи премиерот Еди Рама веќе има донесено таква одлука. Границата меѓу Албанија и Косово треба да се отвори и премиерот ми рече дека одлуката веќе ја донел и дека од 1 јануари започнува слободното движење меѓу Албанија и Косово, истакна Мајко.
Инаку,седниците се одржуваат под мотото „Една земја, еден народ, еден сон“.