Американскиот боксер Флојд Мејведер изјави дека нема ништо против да застане во рингот со рускиот борач Хабиб Нурмагомедов, кој го предизвика пред неколку дена.
Нурмагомедов со победата над Конор Мекгрегор ја одбрани УФЦ шампионската титула во лесна категорија, а евентуалниот дуел со Мејведер би му донел голема заработка.
Рускиот борач му порача на Мејведер дека во „џунглата има место само за еден крал“, а по неколку дена американскиот боксер му одговори на преизвикот.
- Си-Би-Ес, Шоутајм и МГМ Гранд подгответе ги парите и видете како Нурмагомедов ме предизвикува, напиша Мејведер на социјалните мрежи.
Според експертите мала е веројатноста да се случи борба меѓу Мејведер и Нурмагомедов, но бидејќи во игра е голема сума на пари тие сепак наведуваат дека се е можно.