По успешната прва сезона на реалното шоу „Задруга“, неодамна започна и новата „Задруга 2“ кое во Република Македонија ексклузивно ќе се емитува на Алфа телевизија.

Првото вклучување во најголемото реално шоу на Балканот кое го гледаат над 5 милиони луѓе, за македонската публика се случи вчера во 20:30 часот .

Сите збиднувања, разговори, кавги, озборувања, другарувања, расправии, пресметки, љубовни афери, секс партии… и сето она што може да го привлече и задржи вашето внимание за она што им се случува на Луна и Адам Ѓогани, Станија, Зерина Хечо, Миљана, Александра Суботиќ, Цобе, Боро – Сантана, Давид Драгојевиќ, Доротеа, Наташа – Москва… и останатите помалку или повеќе познати фаци во „Задруга 2“, отсега во Македонија само на „Алфа ТВ“!

Покрај станарите кои веќе се наоѓаат таму, мината недела ним им се приклучи и нашата Елеонора Миљковиќ.

Дали раскошната македонска убавица ќе се вљуби во некого и во кого, со кого ќе се зближи или скара, кој ќе посака да му биде девојка, а кој(а) пријателка… Гледајте ексклузивно на ТВ Алфа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 01:12