Фудбалерот од средниот ред на македонската фудбалска репрезентација Ферхан Хасани, најави игра на победа на денешниот дуел со Ерменија.
Македонија во саботата го победи Лихтенштајн и со оптимизам го очекува денешниот натпревар на кој и бод и е доволен за освојување на првото место во четвртата гурпа од Лигата на нации во сегментот-Д.
- Имаме одлична атмосфера после победата над Лихтенштајн и добрите резултати што ги постигнуваме во серија. Ни треба само бод но во Ереван сме да нападнеме победа, изјави хасани за веб страницата на ФФМ.
Натпреварот Ерменија – Македонија се игра денес со почеток во 18 часот.