Босанскиот напаѓач Един Џеко игра во извонредна форма. Тој беше стрелец на двата гола за својата репрезентација во синоќешниот триумф над Северна Ирска (2:0), по што во англиските медиуми се појавија написи за можен негов трансфер во Премиер лигата.

Како што објави „Мирор“ за Џеко се заинтересирани Кристал Палас, Саутемптон и Кардиф.

Премиерлигашите сакаат Џеко да го имаат во своите редови уште во зимскиот преоден рок, но секако за тоа дозвола ќе треба да даде сегашниот негов клуб Рома и тој самиот.

- Можеби е малку доцна да с евратам во Премиер лигата, но никогаш не се знае, изјави неодамна поранешниот играч на Манчестер Сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 09:26