Украинските тенисери Глеб и Вадим Алексенко, се доживотно суспендирани и казнети со 250.000 долари поради местење натпревари, објави Би-Би-Си.
Кај браќата е констатирано вина во повеќе наврати. Тие местеле резултати на мечеви од ИТФ турнири во Романија, Русија, Германија и Турција, како и на фјучерси од јуни 2015 до јануари 2016 година.
Близнаците Алексенко биле во спрега со едно лице кое се обложувало на нивни мечеви, покажала истрагата на Тениската асоцијација за интегритет.
Вадим Алекенко е на 1.113. место на листата на АТП, а негов најдобар пласман бил на 497-та позиција, додека братот Глеб е на 1.724, а во еден момент од кариерата се нашол на 609. место.