Шампионот во УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ја отфрли понудата од 15 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор, потврди неговиот вујко Алекс.
- Дали Конбор ќе има шанса да се одмазди? Не ... Хабиб не се грижи за пари, нема пари што ќе ги прифати, а знам дека тие сакаа реванш и понудија 15 милиони долари, рече Алекс Нурмагомедов.
Хабиб ја одбрани титулата во УФЦ-шампионот пред 10 дена, кога го принуди Мекгрегор да се предаде во Лас Вегас во четвртата рунда, а потоа почна хаос околу октагонот, бидејќи руски борец од Дагестан започна борба со тимот на Конор.
Неколку дена подоцна, Хабиб го предизвика боксерот Флојд Мејведер, а Американецот го прифати предизвикот.
Во најава е нов спектакл во Лас Вегас.