Вкупната бруто вредност на земјоделското производство во Србија во 2018 година е проценето на 5,7 милијарди долари, што е за 21,9 отсто повеќе во однос на 2017 година, објави денеска земјоделски портал Агросмарт од Нови Сад.

Нето остварената вредност на земјоделското производство оваа година изнесува 4,8 милијарди долари и е поголема за 16,4 отсто од минатата година. Вкупната вредност на оствареното растително производство оваа година изнесува 3,9 милијарди американски долари, што претставува раст од 35,5 отсто во однос на 2017 година, со учество од 68,6 проценти во остварената вредност на вкупното земјоделско производство.

Во споредба со десетгодишниот просек (2008-2017), производството на пченица е поголемо за 17,7 отсто, на пченката за 15,2 отсто, на сончогледот за 58,5 отсто, на сојата за 47,2 отсто и на шеќерната репка за 9,5 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 12:31