Екипите учеснички во македонскиот пинг-понгарски шампионат викендот во СЦ Форца во Скопје ги одиграа натпреварите од третата и четвртата рунда.
Дербито на 3.коло од Супер лигата му припадна на Вардар кој го совалда Телеком НЕЦ со 4:2. Телекомци го загубија и дербито на 4.коло од Младост од Прилеп. Екипата на Младост 96 од Прилеп која го има најмладиот состав во лигата се рехабилитираше по почетните два порази и во третото и четвртото коло забележа убедливи победи, и ги потврдија очекувањата за висок пласман на нивната екипа. Најлош скор во Супер Лигата има екипата на Мултитекс од Битола која во досегашните натпревари претрпе убедливи порази.
Супер лига 3 коло резултати: Вардар - Телеком Нец 4:2 Мултитекс - Младост 96 0:4 Шампион Фа - УГД 4:0 Работнички - Младост 1:4. Супер лига 4 коло резултати: Телеком НЕЦ - Младост 2:4 УГД - Работнички 0:4 Младост 96 - Шампион ФА 4:1 Вардар - Мултитекс 4:0.
Табела Супер Лига
1. Вардар 2. Младост 3. Телеком Нец 4. Младост 96 5. Работнички 6. Шампион ФА 7. УГД 8. Мултитекс
Во првата лига фаворитите за првите две места екипите на Кочани и Радовиш постигнаа убедливи победи и имаат максимален број на бодови на прволигашката табела. Прва лига 3 коло резултати: Радовиш - Студент 4:0 Пошта 2 - Струга одложена Пелистер - Борец ТИМ 4:1 Дебар Маало - Кочани 0:4. Прва лига 4 коло резултати: Студент - Кочани 0:4 Борец ТИМ - Дебар Маало 3:4 Струга - Пелистер одложена Радовиш - Пошта 2 4:1.
Табела Прва Лига 1. Кочани 2. Радовиш 3. Дебар Маало 4. Студент 5. Пошта 2 6. Пелистер 7. Борец ТИМ 8. Струга.
Следниот турнир се игра на 21 октомври во Прилеп, во спортската сала на ОУ Добре Јовановски со почеток во 10 часот и 30 минути.