Познати се двојките за полуфиналните натпревари на Светското првенство за одбојка во женска конкуренција што се одржува во Јапонија.

Србија ќе игра со Холандија, додека Кина за противник ќе ја има репрезентацијата на Италија.

Ова е епилогот по денешните два дуела во групите „Г“ и „Х“.

Прво Србија ја победи Италија со 3:1 за потврда на првото место во Г-групата, а попладнево Кина со истиот резултат ја совлада Холандија.

Табела Г-група: Србија 6 бода, Италија 2, Јапонија 1.

Табела Х-група: Кина 5 бода, Холандија 2, САД 2.

Полуфиналните натпревари се закажани за в петок.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 15:07