„Хуавеј“ официјално ја претстави серијата смартфони од висока класа Mајт 20 на ексклузивен настан во Лондон.

Базиран на првиот во светот седумнанометарски процесор Кирин 980, Хуавеј Мејт 20 ја носи вештачкат интелегенција на смртфони на ново повисоко ниво, благодарение на својата двојна невронска мрежа, тројната камера со ултраширокоаголен објектив и видео функции со вештачка интелигенција, иновативен суперчарџ полнач со 40 вати моќност, како и оперативниот систем Андроид Пај базиран на ЕМУИ 9.0.

Моделот е достапен со дисплеи во неколку различни големини - 6,39 инчи, 6,53 инчи и 7,2 инчи. Серијата Mејт 20 глобално ќе вклучува вкупно четири уреди - Мејт 20, Мејт 20 Про, Мејт 20 Икс и специјалниот Мејт 20 РС. На пазарот, Мејт 20 и Мејт 20 Про ќе се појават во три бои - црна, полноќно сина и самрак сина.

Најинтересни карактеристики на Хуавеј Мејт 20, Мејт 20 Про и Мејт 20 Икс:

Нов дизајн

Убавината и грациозноста на природните елементи е прекрасно рефлектирана во дизајнот на смартфоните од серијата Хуавеј Мејт 20. Куќиштето е заоблено од сите страни, што ги прави смартфоните од серијата вистинско визуелно чудо, како и многу удобни за држење.

Камерите од задната страна му придаваат на Mејт 20 уникатен и футуристички изглед. Четирите елементи на тројната камера, наредени во двојки во посебна матрица се заградени од полирани метални рамки кои додаваат авангарден, истовремено стилски изглед на уредот.

Куќиштето на серијата Mејт 20 има хипероптична структура, која му дава елеганција и издржливост. Врз површината не остануваат дамки од прсти, поради што смартфоните од оваа серија остануваат чисти дури и по подолга употреба. Хипероптичната структура се однесува на боите полноќно сина и смаргдно зелена.

Моќен седумнанометарски процесор Кирин 980 со вештачка интелигенција

Иако е мал, седумнанометарски процесор Кирин 980 има 6,9 милијарди транзистори, што е за 1,6 пати повеќе од десетнанометарските конфигурациите. Новиот чип на Хуавеј е 20 отсто побрз и 40 отсто поефикасен од својот претходник.

Кирин 980 е првиот „систем-на-чип“ со јадра Кореткс-А76, кои се 75 отсто помоќни и 58 отсто поефикасни со споредба со оние на Кирин 970. Системот се состои од две главни и две придружни јадра Кореткс- А76, плус четири суперефикасни Кореткс-А55 јадра. Уникатниот дизајн на системот обезбедува голема брзина и голема ефикасност дури и при најсложените операции.

Хуавеј Мејт 20 Икс има посебен систем за ладење изграден од графин. Оваа иновација им овозможува на гејмерите да играат долго и интензивно без да се грижат за евентуално прегревање на процесорот.

Нова тројна камера со Лејка со ултраширокоаголен објектив

Серијата Хуавеј Мејт 20 ја користи водечката мобилна камерата на пазарот и го додава кон неа новиот објектив со ултраширок агол, кој им дава можност на корисниците да снимаат во широко видно поле и на тој начин да ги претворат своите фотографии и видеа во вистински ремек-дела.

Новата камера е исто така способна да прави макро фотографија, односно да прави јасни и фокусирани слики од објекти што се наоѓаат само 2,5 сантиметри подалеку од неа. Ова, заедно со широкоаголниот објектив, ја прави тројната камера на Лејка од серијата Mејт 20 вистински феномен во светот на мобилната фотографија.

Вештачката интелигенција на серијата Мејт 20 нуди специјален „кино“ режим на камерата. Благодарение на тоа, корисниците можат да ја прилагодат бојата, сатурацијата и осветленоста на боите и со тоа целосно да го сменат тонот на сликата. Режимот има неколку различни поставувања.

Со режимот „кино“, исто така може да се намали заситеноста на бојата на сликата. Благодарение на вештачката интелигенција, камерата од серијата Mејт 20 може да ги изолира човечките фигури и да ги дефокусира боите на околните објекти, фокусирајќи се на луѓето на сликата. Вештачката интелигенција автоматски ги идентификува видеата со заедничка тематика и генерира монтажа од 10 секунди од најмоќните моменти.

Серијата Хуавеј Мејт 20 поддржува директно снимање на слики и видео во сооднос 21:9, што во споредба со стандардниот сооднос 16:9 нуди поширока перспектива, која може да се користи за креирање на уметнички кино ефекти.

Брзо полнење - 70 отсто за 30 минути

Создадена со идејата за континуирани високи перформанси, Mејт 20 серијата доаѓа со огромни батерии кои можат да издржат навистина интензивно оптоварување во текот на целиот ден. Капацитетот на батеријата на Mејт 20 е 4.000 милиампер часови, кај Мејт 20 Про е 4.200 милиампер часови, додека капацитетот на батеријата на Mејт 20 Икс изнесува извонредни 5000 милиампер часови.

Технологијата за супер полнење на Хуавеј работи со извонредни 40 вати. Кога Хуавеј Мејт 20 Про ќе биде вклучен на супер полначот, батеријата е наполнета на околу 70 отсто за 30 минути. Технологијата на Хуавеј за брзо полнење има посебен сертификат од „ТУВ Рајнланд“ за покривање на сите стандарди за безбедно полнење.

Освен со традиционалниот полнач, Mејт 20 Про може да се полни и безжично. Кога се користите овој метод, батеријата се полни до околу 30 отсто за 30 минути.

Друга важна иновација за серијата е безжично реверзно полнење, што овозможува неверојатниот капацитет на батеријата на Mејт 20 Про да биде споделувана безжично со други уреди, што значи дека телефонот може да се полнат и смартфоните на пријателите, ако се допрат еден со друг.

Новиот ЕМУИ 9.0 софтвер

Смарфтоните од серијата Mејт 20 функционираат со помош на ЕМУИ 9,0 - оперативен систем базиран на Андроид Пај. Благодарение на алгоритмите на вештачката интелегенција, кои сами се обучуваат, интегрираниот систем за распределба на ресурси и високо оптимизираниот интерфејс на Андроид, ЕМУИ 9,0 му овозможува на Хуавеј да почитува едно од најпопуларните ветувања кон корисниците - „Роден брз, останува брз“. ЕМУИ 9,0 е со ергономски дизајн и богата листа со можни поставувања.

Новиот систем за навигација им овозможува на корисниците да проникнат длабоко во технолошките тајни на нивните уреди, користејќи само едноставни движења на палците. Од своја страна, вештачката интелигенција обезбедува многу интересни функции како што се идентификација на објекти, броење калории и висококвалитетно снимање на видео.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 17:55