Напаѓачот на кинески Тјанжин, Алешандре Пато не ја исклучи можноста да се врати во Милан, чии бои ги бранеше во периодот од 2007 до 2012 година.

Во овие шест години тој одигра 150 натпревари за „росонерите“, во кои постигна 63 гола. Потоа Бразилецот кариерата ја продолжи во Коринтијанс, па како позајмен играч во Сао Паоло и во Челзи, за потоа да премине во Виљареал, од каде направи трансфер во Тјанжин.

- Добив неколку понуди од Серија А и други европски првенства. Ќе видиме на крајот на годината. Многу сум среќен што Леонардо и Малдини се вратија во Милан и за нив, а исто така и за навивачите, бидејќи имаа потреба од луѓе кои се лицето на клубот. Зборував со Лео неколку пати и се разбира имаше некои шеги за мое враќање во Милан. Но, шегата настрана, имам уште една година од мојот договор тука во Кина и ќе видиме што ќе се случи, изјави напаѓачот за „Кориере Дело Спорт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 18:13