Германско-шпанскиот актер Даниел Брил е ѕвездата на новата „Хуго Бос“ кампања за колекцијата есен-зима 2018, направена во Германија.

Глумецот познат по филмовите „Борновиот ултиматум” и „Проклетници”, овојпат е во улога на модел пред објективот на германскиот фотограф Јан Лехнер. Колекцијата се состои од шест машки стилови, и нуди одела, капути, кошули, панталони, џемпери, кожни јакни и додатоци.

Што се однесува на бојата, доминираат бордо, сива, црна и неизоставниот кариран дизајн.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 19:28