Ракометарите на Вардар го претрпеа вториот пораз за само три дена. По неуспехот кај Келце во Лигата на шампиони, овојпат „црвено-црните“ загубија на гостувањето кај Загреб, со 26:23. По петте стартни победи, за Вардар ова е прв пораз во регионалното натпреварување. Сега Вардар и Загреб имаат по пет победи и еден пораз и се на делба на лидерската позиција.

Македонскиот првак добро започна. Поведе со 1:0, а и во следните 10-тина минути го контролираше резултатот 5:3. Сепак играчите на Загреб не дозволија гостите да создадат посериозна предност, па на полувремето беше нерешено 14:14. Неверојатно слаб втор дел одиграа вардарци во Загреб.

Нападот делуваше катастрофално. По 15 минути игра Вардар имаше дадено само три гола, а во исто темпо продолжија и во следните 5 минути, па на 10 минути до крајот избраниците на Парондо само четири пати ја затресоа мрежата на Загреб.

Хрватскиот првак предводен од стратегот Лино Червар, добро ја простурирал играта на Вардар и благодарение на тоа што успеаа да го сопрат нападот на фаворитот, успеаа да стигнат до два гола позитива (20:18). Во последните 10 минути, Вардар продолжи да делува немоќно, па на крајот заслужен е поразот од три гола.

Кристопанс со четири гола пд пет шута беше прв стрелец кај Вардар. Дибиров даде три гола, но дури од 10 шута. По три погодоци имаа и Караџиќ и Киселев. И голманот Дејан Милосављев не беше на нивото на задачата па одбрани само шет удари на противниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 19:37