Словенечкиот ракометар Александар Шпенде денеска потпиша договор со екипата на Металург. Словенецот доаѓа од екипата на Порто, а претходно настапувал за екипите на Горење Велење, Марибор и Крка. Левиот бек потпиша договор до јуни 2019 година, но има можност тој да биде продолжен. - Металург е вистинската средина за мојот понатамошен напредок. Се надевам дека ќе бидам во состојба да му помогнам на клубот, како што се надевам и дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и дека сезоната ќе ја завршиме со очекуваниот успех, изјави Шпенде, цитиран од сајтот на тимот од Автокоманда.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 19:51