Корисници од целиот свет пријавуваат проблем со услугите на YouTube пребарувачот, и неможност да се пристапи на страната.

Видеата на YouTube почнаа да ги покажуваат грешките околу 21:00 часот. Инфраструктурата на сајтот се вчитува, но самите видеа не се репродуцираат и се заменуваат со пораки за грешки кои ги молат корисниците да “се обидат повторно подоцна”.

За проблемот кој настана во вечерните часови и за кој сите мислеа дека всушност имаат некој проблем со компјутерот, се очекува во текот на денот од компанијата да излезат со официјално соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 05:25