Европскиот комесар Јоханес Хан за шпанскиот весник „Ел Паис“ изјави дека се надева оти постигнувањето правно обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина ќе доведе до тоа петте земји-членки на ЕУ кои не го признаа Косово, да ја преразгледаат нивната одлука.

- Заедничката позиција за Балканот во рамките на ЕУ е таква што ние или извезуваме стабилност или увезуваме нестабилност. Искуството покажа дека мирот и стабилноста на Балканот може да се постигне само преку европска перспектива, нагласува Хан.

Тој смета дека правно-обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е неопходен, дури и клучен за регионот.

Одговарајќи на прашањето за ставот на Шпанија кон Косово, Хан истакна дека Шпанија придонесува за стабилноста на регионот.

- Имаме стратешки договори со Косово. Треба да дозволиме Косово и Србија да постигнат договор, и ако се постигне, ќе видиме кои се следните чекори, вели Хан.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 09:28