Средновековните грчки градови Крф и Родос се меѓу 50-те историски споменици, дел од листата на светското културно наследство на УНЕСКО, на кои до 2100 година им се заканува целосно поплавување.

Ова го јави грчката телевизија Скај, повикувајќи се на истражување на група научници од универзитетот во германскиот град Кил.

Меѓу загрозените споменици е и кипарскиот град Пафос. Во други делови на светот загрозени споменици се Пјаца дел Дуомо во Пиза, Амалфи, Белиот град во Тел Авив, Помпеја и други.

Според истражувањето, засновано врз математички модели, се очекува зголемувањето на нивото на морето да предизвика поплави кои ќе ги загрозат спомениците лоцирани во крајбрежните области.

- Нашите заклучоци се првична проценка за тоа каде е најитна адаптација за новите реалности и каде е потребна политичка поддршка, изјави Лена Рејман која е дел од тимот.

Шеф на истражувањето и професор по географија на Универзитетот во Кил со грчко потекло, Атанасиос Вафидис.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 12:12