Во првите девет месеци од годинава, заради инволвираност во различни кривични дела, во Косово се уапсени 10 и суспендирани над 30 полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повеќето од уапсените, како што пишува денеска весникот „Зери“, учествувале во нелегална трговија со наркотични средства.

Полицискиот инспекторат на Косово во споменатиот период покренал истраги за 140 полицајци осомничени за разни незаконски дела.

Познавачи на безбедносните приликиво земјата за весникот „Зери“ велат дека ниските плати се главната причина за злоупотребите од страна на полицијата.

Од полицискиот синдикат, пак, велат дека полицајците често се жртви на „одредени личности кои се сметаат за недопирливи“ и кои знаат да поднесат жалби до Инспекторатот и за најобични сообраќајни казни кои им се изречени.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 12:31