Раперот Ти-Ај на Твитер објави видео спот, кој претставува пародија на посетата на неговиот колега Кање Вест на Белата куќа.

Во спотот-пародија при престојот на Кање во Овалната соба, американската прва дама Меланија Трамп му приредува стриптиз. Секако, тоа не се вистинските Кање и Меланија.

Видео-спотот е објавен во петокот, а досега го прегледале над 8,5 милиони луѓе.

- Како може тоа да биде прифатливо, напиша на Твитер портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, повикувајќи на бојкот на спотот.

Во видеото, ликот на Меланија Трамп, во еден момент на себе ја има само фамозната јакна со натпис „Навистина не ми е гајле, а тебе?“, за која беше жестоко критикувана оти ја носеше при посета на деца имигранти одделени од родителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 15:53