Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го поддржува строгиот антидопинг систем во тенисот и нагласи дека не му пречи да биде тестиран.

- Антидопинг правилата можеби се строги бидејќи секој ден во годината мора да ја наведете локацијата каде престојувате, па дури и да се работи и за час или два дневно. Од друга страна, тоа овозможува да бидеме тестирани и знаеме дека важи и за останатите играчи. Мислам дека е тоа чесно барем од моја перспектива. Немам ништо против тоа да ме тестираат повеќепати годишно доколку тоа се прави и со другите играчи, истакна Ѓоковиќ.

Според антидопинг правилата спортистите се обврзани да пријавуваат каде се наоѓаат кога го напуштаат домот, а мораат да прифатат тестирање доколку контролорите ненајавено им се појават.

- Верувам дека тенисерите се меѓу најчистите спортисти во светот и немам ништо против тестирањето се додека успеваат да ја одржат оваа состојба. Немам против кога бараат примерок од крв, но претпочитам тестирање преку урина бидејќи не сакам игли, истакна српскиот тенисер.

Според српскиот тенисер антидопинг правилата го штитат спортот, но и играчите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 15:59