Тренерот на Металург, Данило Брестовац, по загубениот натпревар со Железничар (29:30) изјави дека тимот е уморен и дека паузата што следува поради репрезентативни настапи, добро ќе им дојде на играчите.

- Имаме многу осцилации и големи падови. Тешко е, но мораме да се бориме и мораме да работиме. Едвај ја чекам репрезентативната пауза. Уморни сме. Ни недостасуваат и неколку играчи за да имаме квалитетна ротација. Не можам да си дозволам луксуз, имам во тимот премлади играчи и морам да пазам кого и кога го пуштам на терен. Внимавам, затоа што децата ми се најважни. Треба време, но мислам дека со оваа млада екипа сме на добар пат. За две до три години Металург би имал многу добра екипа. Со поддршка на сите, ќе можеме да го стигнеме посакуваното ниво. Со Шпенде во ротација на наредниот меч ќе добиеме на таа левата бековска позиција и ќе бидеме подобри, изјави Брестовац.

Металург по шест рунди во регионалната ракометна СЕХА лига е на претпоследното деветто место со само еден бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 10:04