Премиерата на продолжението на „Розен“, но без глумицата Розен Бар, што ја толкуваше главната улога, под наслов „Конерови“, имаше ниски очекувања, но одзвукот се чини е уште полош.

Новата хумористична ТВ серија собира многу негативни коментари на интернет... „Шоуто требаше да остане со статус ’откажано’,“ „Најлошата серија што сум ја гледал“ - се само дел од коментарите по завчерашното прикажување на првата епизода.

Инаку, комичарката Розен Бар беше исфрлена од проектот поради Твитер објава со расистичка содржина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 13:18