Холивудската ѕвезда Хју Џекмен (50) и неговата сопруга Дебора Ли Фернес се венчаа во 1996 година и веќе 22 години докажуваат дека се една од ретките „складни“ двојки во светот на познатите.

Синоќа тие се појавија на доделувањето на наградите „Златно срце“, насмеани и расположени покажувајќи дека љубовта им цвета како да се штотуку венчани, иако таа е 13 години повозрасна.

Во текот на годините, Дебора двапати беше бремена и двапати го изгуби бебето, па тие одлучија да ги посвојат Оскар и Ава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 16:35