Возачот на „Мрецедес“, Луис Хамилтон изјави дека никогаш немал цел да го стигне рекордот на Михаел Шумахер од седум титули во Формула 1.

Британецот во моментов води со 67 поени пред Себастијан Фетел и може да ја освои триумфира шампионската титула уште оваа недела во САД, доколку освои најмалку осум бода повеќе од пилотот на „Ферари“.

- Искрено, ова никогаш не беше моја цел. Сакав да го изедначам постигнувањето на Аиртон Сена, кој беше човекот, како кого сакав да бидам, и пред две години го направив тоа. Потоа за мене беше сосема непозната територија. Секако, успехот на Михаел е фантастичен и навистина треба да направам многу за да го постигнам тоа. Сепак ќе бидам тука уште некое време, па продолжувам да работам и да го правам тоа што го сакам и ќе видиме до каде ќе стигнам, изјави Луис, кој има пет победи во шест старта во Остин.

Тој додаде дека се чуствува сосема мирен пред трката во САД и неговиот пристап кон неа ќе биде како кон секоја друга.

- Мојот пристап ќе биде како и обично. Сакаме да победиме на трката и ќе се обидеме да го подготвиме и автомобилот максимално добро. Не сум загрижен и знам што да правам, додаде Хамилтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 18:08