Крилото на Баерн Минхен, Холанѓанецот Ариен Робен изрази мислење дека лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд воопшто не е за потценување.

„Жолто-црните“ имаат 17 поени на табелата, четири повеќе од Баварците, кои се на шесто место.

- Борусија Дортмунд е многу голем противник. Кај другите треба да почекаме за да видиме уште колку долго време ќе издржат со ова темпо. За мене пласманот е супер, нели сите го сакаа токму тоа? До неодамна се тврдеше дека во Бундеслигата е здодевно поради Баерн. Ако сега бевме на врвот на табелата со предност од пет бода, сигурно пак ќе се зборуваше дека е многу здодевно. Ние треба да останеме мирни и да видиме што треба да подобриме, изјави Робен.

Тој е убеден дека Баерн има потреба од само една победа и работите на теренот ќе се сменат.

- Треба да ги ослободиме умовите и да се забавуваме, додаде Робен.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 18:40