Капитенот на Рома, Даниеле Де Роси, најави дека наскоро ќе стави крај на својата фудбалска кариера.
Де Роси, кој е играч од средниот ред на „волците“, целата своја фудбалска кариера ја помина на „Олимпико“ и е еден од најомилените фудбалери на италијанската публика.
Тој е сигурен дека по неговото пензионирање, тимот на Рома ќе го продолжи развојот, како што направи и по заминувањето на легендата на „џаларосите“ - Франческо Тоти.
- Започнувам да се навикнувам на идејата за завршување со фудбалот. Не останува многу. Сепак, Рома ќе продолжи понатаму. Тимот продолжи и по Ди Бартоломеи, Конти и Џанини. Успеавме да продолжиме и без Франческо Тоти, чие напуштање беше најболно за навивачите. Ако чувствувам болки во колената, ќе морам да прекинам со фудбалот и да и кажам на мојата сопруга дека ќе одиме на море три месеци. Не сакам да бидам товар и имам јасни идеи за иднината, изјави 35-годишниот Де Роси.