Хрватскиот репрезентативец и член на Металург, Халил Јагањац си заминува од тимот од Автокоманда и се враќа дома.
Левиот бек ја прифатил понудата на Нексе за двегодишен договор, а македонскиот вицешампион ќе добие оштета, која неофицијално изнесува околу 100 илјади евра.
Јагањац во сабота против Татран Прешов веројатно ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Металург во дуел од СЕХА лигата, иако од тимот посакале да остане барем до завршувањето на натпреварите во Лигата на шампионите.
Металурзите пред два дена ја промовираа неговата замена - Словенецот Александар Шпенде.