Новиот тренер на Монако, Тери Анри се изрази позитивно за колумбиската ѕвезда Радамел Фалкао и призна дека очекува од него да ги поведе соиграчите во следните натпревари.

- Фалкао е капитен, лидер и врвен стрелец. Тој е човекот што ги реализираше повеќето голови во текот на сезоната. Радамел е харизматична личност и лидер на тимот, рече Анри.

Поранешниот француски репрезентативец ќе дебитира на чело на Монако овој викенд при посетата на тимот од Кнежеството кај Стразбур.

Досега, „црвено-белите“ имаат само шест бодови и се наоѓаат во зоната на испаѓање.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 10:17