Тренерот на Ница, Патрик Виера нема намера да му попушта на Марио Балотели.

Поранешниот француски репрезентативец изјави дека не е задоволен од физичката кондиција на напаѓачот и затоа не го пушта во игра.

- Марио е многу важен за Ница, но во моментов тој не е на нивото на кое треба да биде, за да е корисен за тимот. Од него се бара да работи напорно. Сите го поддржуваме и сакаме тој да се врати во познатата форма, прокоментира Виеира.

Од стартот на сезоната во Лига 1, Балотели учествувал само во три натпревари и уште не се запишал во листата на стрелците, а „орлите“ се наоѓаат на 11-то место на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 10:20