Екипата на ЦСКА Москва ја забележа третата последователна победа во кошаркарската Евролига по успехот над турскиот тим Дарушафака со 79:75.

„Армејците“ губеа со седум поени на полувремето, но тие одиграа многу силна трета четвртина, во која поведоа и го задржаа водството до крајот.

Со победата, ЦСКА е на врвот на табелата со шест поени.

Барселона, пак, го совлада Баерн Минхен со 83:73 во уште еден натпревар од третиот круг. Анте Томиќ постигна 18 поени за Барса, а за Баварците со 16 поени заврши Ло Маодо.

За Барселона ова е прва победа во првите три натпревари од Евролигата и тимот го зазема седмото место на табелата. Баерн има слични индикатори и е на деветата позиција.

Панатинаикос ја победи Гран Канарија со 102:87. Дуелот беше изедначен само во првиот дел, по што Грците направија солидно водство, кое го одржуваа до крај. Кит Лангфорд и Лукас Лекавикус постигнаа 16 поени за победата.

Макаби Тел Авив ја забележа првата победа за сезоната по 78:68 над Будуќност. Скоти Вилбакин постигна 28 поени за Макаби.

Натпревари од 3.коло во Евролига:

ЦСКА Москва - Дарушафака 79:75 Будуќност - Макаби Тел Авив 68:78 Панатинаикос - Гран Канарија 102:87 Барселона - Баерн Минхен 83:73.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 10:25