Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз со 72-94 (46-43) од Литванија во квалификациски дуел за Евробаскетот во 2025 година. Ова е втор пораз од селекцијата за неколку дена, откако и претходно убедливо загубивме во Скопје.
Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ постигна 43 поени на натпреварот за нецели 30 минути, но и тие не беа доволни за поинаков резултат.
По четири одиграни кола во групата „Х“, Македонија има скор 1-3, а во февруари наредната година, ќе следи разврската во групата, иако имаме само теоретски шанси за пласман на континенталното натпреварување.
Во последните два меча од квалификациите ќе мора да ги победиме Полска и Естонија, а со Естонците ќе мора и кош разликата да ни биде подобра